П Р О Г Р А М А   З А   Р А Б О Т А

на Здружение на директори на училишта и училишни домови “УЧИЛИШНИ ЛИДЕРИ” Република  Северна  Македонија

Својата програма Здружението на директори на училишта и училишни домови УЧИЛИШНИ ЛИДЕРИ, (во понатамошниот текст: “Здружение“), ќе ја остварува и спроведува преку исполнување на подолунаведените цели и задачи на Здружението. 

Цели на Здружението се: 

  • Унапредување на квалитетот и капацитетот на обавување на функцијата Директор на;
  • Ангажирање во утврдување и усогласување на заедничките потреби и интереси на училиштата и ученичките домови;
  • Унапредување и збогатување на основната дејност на училиштата и домовите во согласност со заедничките интереси, кон координирање, поттикнување и потпомагање на работата и размената на искуства помеѓу училиштата и домовите,градење на заеднички принципи за унапредување на дејноста, давање предлози и мислења за решавање на проблемите со кои се среќаваат при обавување на дејноста и изнаоѓање заеднички решенија за поголема ефикасност на работата.
  • Да се воспостави вистинско партнерство во сите реформски процеси;
  • Соработка со Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија и со други образовни институции

Начин на остварување на целите на Здружението:

  • учество во давање мислење по програмските документи за промени во училиштата и домовите;
  • непосредно учество во усовршувањето на постојните и изработка на нови наставни планови, програми и учебници;
  • предлагање форми за стручно усовршување на наставниците и раководниот кадар;
  • помагање во организирање стручни трибини, семинари и друг вид расправи и форми на усовршување;
  • поттикнување на активности со цел за меѓусебна размена на искуство во унапредување на наставата и нејзино осовременување;
  • поттикнување на училиштата за нивно вклучување во проекти за развојни истражувања;
  • организирање на републичкиот натпревар по знаење и вештини меѓу учениците од училиштата;
  • активности за опремување на училиштата и домовите;
  • инвестиционо и тековно одржување на училиштата и домовите;
  • активности за распоредување на дополнителните средства што ги остваруваат училиштата и домовите;
  • соработка со други сродни здруженија, асоцијации и меѓународни организации од областа на образованието од државата и странство;  и
  • други активности кои се во согласност со Статутот на Здружението.

Претседател                                               

  Скопје, 03.2019 година                                                          Горица Илијоска