Врз основа на чл. 15 ст. 1 и 2 и чл. 16 од Законот за здруженија и фондации („Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/2010), oсновачите на Здружението на директори од основни, средни и државни училишта, ученички домови и предшколски установи во  Република Северна Македонија(во понатамошниот текст: “Здружение“), на основачкото собрание одржано на ден 01.02. 2019 година во Скопје, го донесоа следниот:

С   Т   А   Т   У   Т

на

Здружение на директори   УЧИЛИШНИ  ЛИДЕРИ

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1

Основање на Здружението

Со овој Статут се основа Здружение на директори на основни, средни и државни училишта и ученички домови  УЧИЛИШНИ  ЛИДЕРИ во Република Северна Македонија.

Член 2

Основачи на Здружението

Основачи на Здружението се директорите на наведените институции од член 1, кои доброволно пристапуваат кон Здружението (во понатамошниот текст: „Основачи“).

Член 3

Назив на Здружението

Називот на Здружението во правниот промет ќе биде: Здружение на директори УЧИЛИШНИ  ЛИДЕРИ

Член 4

Седиште на Здружението

Седиштето на Здружението е во Скопје, на ул. „Никола Русински“  БР.2 Карпош-Скопје.

Здружението може да го промени своето седиште со одлука на Управниот одбор.

Член 4а

Знак, печат и штембил на Здружението

Здружението има свој печат и штембил. Печатот и штембилот на Здружението се со кружна и правоаголна форма и се напишани со кирилско писмо, го содржат називот на Здружение на директори УЧИЛИШНИ  ЛИДЕРИ

Член 5

Здружението ќефункционира преку регионалните здруженија кои ги опфаќаат следните региони:

  • Регион 1 со седиште во Скопје 

Регион 1а  со седиште во општина Карпош 

Регион 1б со седиште во општина  Гази Баба

  • Регион 2 со седиште во Штип 
  • Регион 3  со седиште во Струмица 
  • Регион 4 со седиште во Битола 
  • Регион 5 со седиште во Прилеп
  • Регион 6 со седиште во Велес 
  • Регион 7 со седиште во Куманово 
  • Регион 8 со седиште во Струга 
  • Регион 9 со седиште во Гостивар 
  • Регион 10 со седиште во Тетово 

Член 5а

Со регионите раководат координатори, кој ги избира Управниот Одбор на Здружението. 

СТАТУС НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 6

Здружението е непрофитна, независна, неполитичка, невладина и развојна организација која се основа на неопределено време. 

Член 7

Здружението е правно лице, кое својството го стекнува со денот на уписот во регистарот на здруженија кој се води во Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Член 8

Здружението во правниот промет со трети лица има права, обврски и одговорности, утврдени со закон и со овој Статут.

Член 9

Здружението одговара за своите со морална и кривична одговорност.

Здружението може да се задолжува и за долговите одговара со морална и кривична одговорност.

Член 10

Здружението делува на територијата на Република Северна Македонија.

Здружението е организирано на територијален принцип, преку основање на организациони единици (региони) кои немаат статус на правни лица.

Член 11

Цел на Здружението

Цели на Здружението се: 

  • Ангажирање во утврдување и усогласување на заедничките потреби и интереси на училиштата и домовите;
  • Унапредување и збогатување на основната дејност на училиштата и домовите во согласност со заедничките интереси, кон координирање, поттикнување и потпомагање на работата и размената на искуства помеѓу училиштата и домовите и
  • Градење на заеднички принципи за унапредување на дејноста, давање предлози и мислења за решавање на проблемите со кои се среќаваат при обавување на дејноста и изнаоѓање заеднички решенија за поголема ефикасност на работата.

Начин на остварување на целите на Фондацијата:

  • учество во давање мислење по програмските документи за промени во основното, средното стручно и гимназиско образование, посебните училишта и училишните домови;
  • непосредно учество во усовршувањето на постојните и изработка на нови наставни планови, програми и учебници;
  • предлагање форми за стручно усовршување на наставниците и раководниот кадар;
  • помагање во организирање стручни трибини, семинари и друг вид расправи и форми на усовршување;
  • поттикнување на активности со цел за меѓусебна размена на искуство во унапредување на наставата и нејзино осовременување;
  • поттикнување на училиштата и домовите за нивно вклучување и со проекти за развојни истражувања;
  • организирање на републичкиот натпревар по знаење и вештини меѓу учениците од училиштата;
  • активности за опремување на училиштата и домовите;
  • инвестиционо и тековно одржување на училиштата и домовите;
  • активности за распоредување на дополнителните средства што ги остваруваат училиштата и домовите;
  • соработка со други сродни здруженија, асоцијации и меѓународни организации од областа на образованието од државата и странство;
  • соработка со Министерството за образование и наука на Република Македонија, Биро за развој на образованието, Државниот испитен центар и сите други институции поврзани со образованието и

            други активности кои се во согласност со Статутот на Здружението.

Член 12

Дејности со кои се остваруваат целите на Здружението

Главна претежна дејност што ќе ја врши Здружението за остварување на целите на Здружението, согласно Националната класификација на дејности, ќе биде:

94.99-Дејности на останати организации врз база на зачленување, неспомнати на друго место.

ЗАЧЛЕНУВАЊЕ, ПРЕТСТАВУВАЊЕ, ПРАВА И ОБВРСКИ

Член 13

Член на Здружението може да биде секој директор на институциите наведени во член 1, кој доброволно ќе пристапи кон Здружението, а кој во моментот на основањето на Здружението или на пристапување е запишан како овластено лице на институцијата од член 1 во Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Член 14

Зачленувањето во Здружението се врши со пристапница, која при исклучување или престанок на членувањето се враќа.

Член 15

Членувањето во Здружението престанува:

  • со доброволно истапување на членот од Здружението;
  • поради непридржување и кршење на одредбите на овој Статут и одлуките на органите на Здружението;
  • со престанување на вршење на функцијата директор на институциите наведени во член 1  и
  • со неизвршување на финансиските обврски спрема Здружението.

Член 16

Барање за истапување од Здружението се поднесува до Собранието на Здружението.

Одлуката за престанок на членството во случаите од чл. 15 ст. 1 т. 2,3, и 4, се донесува од Собранието врз основа на писмен предлог доставен од страна на Управниот одбор. 

Член 17

Институцијата од член 1, како член на Здружението е должна да ја плати членарината за годината во која престанува членството.

Член 18

Членовите на Здружението имаат право:

да учествуваат во работата на органите на Здружението;

да поднесуваат свои мислења и предлози по актуелната проблематика од областа на образованието и воспитанието и

да бараат мислење, совет или помош за решавање на спорните прашања од дејноста.

Член 19

Членовите на Здружението се должни:

да учествуваат во работата на собранието на Здружението и на другите негови органи;

навреме да ги доставуваат бараните податоци, извештаи и материјали кои се потребни за извршување на задачите на Здружението и

да се придржуваат на одредбите на овој Статут и другите акти и одлуки донесени од страна на Здружението.

Член 20

За зачестено непридржување кон должностите утврдени со овој Статут, може да се примени санкцијата престанок на членството во Здружението.

ОДНОСИ СО ДРУГИ ОРГАНИЗЦАИИ

Член 24

Здружението може да соработува и членува со/во други домашни и меѓународни организации (сојузи, здруженија, фондации, правни лица, асоцијации и др.) чии интереси и активности се во согласност со целите и задачите на Здружението.

ТЕЛА НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 25

Следниве се телата на Здружението:

Собрание;

Претседател,

Управен одбор (во понатамошниот текст: УО) и

Надзорен одбор (во понатамошниот текст: НО).

Собрание

Член 26

Собранието е највисоко тело на Здружението, кое го сочинуваат претставници избрани од членовите на Здружението и истото брои 57 (педесет и седум) членови.

Собранието го сочинуваат претставниците од 10 (десет) региони определени по територијален принцип.

Координаторите на региони и нивните заменици се избираат од сите евидентирани членови на Здружението од соодветниот регион и се членови на Собранието

Член 27

Собранието на Здружението донесува полноважни одлуки ако на седниците присуствуваат повеќе од половина од преставниците на Собранието на Здружението.

Одлуките се донесуваат со мнозинство гласови, повеќе од половина од присутните, но не помалку од третина од вкупниот број на претставници на Собранието на Здружението.

Член 28

Гласањето и одлучувањето на седниците на собранието на Здружението е јавно.

Член 29 .

Предлог за свикување на седница на собранието на Здружението може да поднесе претседателот Здружението, претседателот на Управниот Одбор, претседателот на Собранието или една петтина од членовите на собранието н Здружението.   Седниците на собранието на Здружението ги свикува Претседателот на собранието.

Ако претседателот на собранието во рок од 15 дена од денот на дадениот предлог не свика седница, ја свикува иницијаторот.

Член 30

Собранието на Здружението особено ги врши следните работи: 

  • донесува Статут на Здружението и измени и дополнување на истиот;                          донесува Деловник на работа на Здружението;
  • усвојува извештај, насоки и план на работа;
  • усвојува завршна сметка и финансиски план;
  • одлучува за промена на целта на Здружението;
  • одлучува за основање и укинување на Здружението по сродни струки, по региони и други облици на организирање на Здружението;
  • одлучува за здружување или разделување од друго Здружение и за зачленување во сојузи и меѓународни организации;
  • констатира прием на нови членови и престанок на членувањето;
  • врши избор на претседател на Здружението и Претседател на Собранието;
  • именува лице кое ќе ги води стручните, административните и финансиските работи на Здружението;
  • дава насоки и упатства за работа на други органи и тела на Здружението;
  • одлучува по поднесени барања и приговори од членовите на Здружението;
  • дава оценка за работа на стручните тела на Здружението;
  • ја утврдува висината на членарината;
  • одлучува за склучување на договори и спогодби;
  • за вршење одредени работи формира повремени и постојани комисии и други работни тела;
  • ја разгледува работата на претседателот и на другите органи и тела, најмалку еднаш годишно и
  • врши и други работи што со овој Статут или други акти се ставени во надлежност.

Член 31

Членот на собранието на Здружението има право:

  • да поднесува предлози на одлуки и други акти и да покренува прашања од делокругот на собранието на Здружението;
  • да бара известување од претседателот за извршување на одлуките и заклучоците на собранието на Здружението, да бара податоци што му се неопходни за неговата работа во органите и телата на заедницата и
  • директорите на институциите од член 1, како членови на Здружението се самостојни во определувањето и гласањето по прашања за кои се одлучува на собранието на Здружението.

Член 32

Членот на собранието на Здружението е должен за работењето на собранието  и за својата работа да ја извести институцијата која ја претставува.

Претседател

Член 33

Претседателот на Здружението се бира со мандат од 3 (три) години, со можност да биде избран за уште еден мандат од 3 (три) години.

Претседателот е и претседавач на собранието на Здружението и има право да присуствува на седниците на УО, без право на глас во донесувањето на одлуките.

Член 33а

            За претседател на здружението се избира кандидатот кој што има аплицирано на јавен оглас од Здружението и има своја програма за работа на Здружението во тригодиш ниот мандат.            

 Изборот се врши со јавно гласање на Собрание на Здружението после јавна презентација на програмите на кандидатите. 

За избран се смета оној кандидат кој ќе добие 51% од вкупниот број на членови на Собранието. 

Член 34

Претседателот на Здружението ги врши следните работи:

  • ги подготвува седниците на Собранието на Здружението;
  • го подготвува нацртот статутот и други одлуки што треба да ги донесе собранието;
  • ја спроведува политиката, заклучоците и одлуките донесени од собранието;
  • управува и одговара за управувањето со имотот на Здружението;
  • формира стручна служба и врши контрола врз нејзината работа;
  • подготвува годишен или периодичен извештај за својата работа;
  • донесува одлука за одредување втор потписник на Здружението и
  • врши и други работи.

Член 35

Претседателот на Здружението ги има следните права и обврски:

  • да го претставува и застапува здружението во правниот промет и спрема трети лица во јавноста;
  • да го претставува Здружението пред Министерството за образование и наука и други надлежни органи и организации од сите степени на образование и пошироко;
  • ги свикува и раководи со седниците на собранието на Здружението;
  • се грижи и одговара за законитоста во работењето на Здружението;
  • се грижи за извршување на одлуките на собранието на Здружението;
  • одлучува за службени патувања;
  • ги анализира резултатите на собранието на Здружението и предлага мерки за отстранување на недостатоците во работењето и
  • врши и други работи во согласност со Статутот и Законот.

Управен одбор

Член 36

Управниот одбор е составен од 9 (девет) члена, од кои 9 (девет) членови, а како членови на Управниот одбор се и четирите потпреседатели со право на глас.

На првата седница, членовите од своите редови бираат Претседател на Управен одбор. Сите членови на Управниот одбор се државјани на Република Македонија.

При остварување на своите овластувања, членовите на УО во секое време треба да ги стават приоритет целите и интересите на Здружението, над индивидуалните или одделни цели на која било друга страна.

Член 37

Членовите на УО за својата работа одговараат пред Собранието на Здружението.

Членовите на Управниот одбор на Здружението, и поединечно и колективно, се одговорни кон трети лица за штетите предизвикани од нивната работа.

Член 38

Членовите на УО се избираат со мандат од 3 (три) години, без  право на повторен избор.

Секој член на Управниот одбор може да биде отповикан во секое време со одлука донесена со просто мнозинство гласови на сите членови на УО, во согласност со одредбите на овој Статут.

Член 39


УО работи и одлучува на состаноци. 

УО се состанува најмалку два пати годишно. 

Состаноците на УО, врз основа на годишниот распоред, се закажуваат по иницијатива на Претседателот, на барање на не помалку од половина членови на УО или по барање на Претседателот и по писмено известување до сите членови на УО, најмалку 7 (седум) дена пред состанокот. 

Во случај на отсуство и болест на Претседателот, Заменик-претседателот ќе претседава со состаноците со сите права и овластувања како Претседателот. 

Секој член на УО може да предложи дополнување на дневниот ред пред усвојувањето. 

Доколку некои претходно подготвени материјали треба да бидат разгледани и анализирани за одредена точка на дневниот ред, таа точка не може да се предложи и стави на дневен ред, доколку материјалите не биле доставени до членовите на УО најмалку три дена пред состанокот . 

Претседателот раководи со работата на УО и е одговорен за неговото работење. 

Членовите на УО можат лично да учествуваат и да гласаат на состаноците или истите може својот глас да го дадат преку телефон или преку електронска пошта. 

Ниту еден од членовите на УО нема право да гласа за одлука што може да му донесе лична материјална корист, корист на неговиот брачен другар или роднина до втор степен или во било кој друг случај што вообичаено може да се смета за судир на интереси. 

Претседателот како член на УО, нема право да гласа за прашања поврзани со контролата на неговата работа. 

Управниот одбор работи според правилата на постапката донесени на неговиот конститутивен (организациски) состанок. 

За одржуваните состаноци се подготвуваат записници, кои на крајот се потпишани од сите присутни членови на УО. 

Кворумот на Управниот одбор е најмалку половина од вкупниот број членови на Одборот. 

Одлуките на УО се направени во писмена форма и се потпишани од страна на Претседателот или Заменик-претседателот, во случај на отсуство на Претседателот. Сите одлуки се донесуваат со мнозинство гласови, освен ако со овој Статут не е поинаку определено.

Секој член на УО има право на еден глас.                                            Во случај на ист број на гласови за и против предложената одлука, предлогот за донесување одлука се смета за неуспешен.

Доколку член на УО има судир на интереси со одредено прашање кое се разгледува на состанокот, тогаш тој/таа треба да даде објаснување и да се воздржи од гласање.

Член 40

Мандатот на УО може да престане во случај на истекување на периодот за кој е избран или поради недоверба

Мандатот на членот на УО престанува со разрешување, како резултат на гласање за недоверба во случај на неисполнување на правата и обврските во согласност со Статутот и општите акти, а особено, но не исклучиво за: прекршување на одредбите од Статутот, отстапување од воспоставената долгорочна политика и стратегија на Здружението.

Двајца членови можат да предложи разрешување на член на УО.

Отповикувањето на член на УО, може да се предложи заради неучество од неоправдани причини на најмалку три последователни состаноци на УО или поради тоа што Здруженијата ја претставува на начин кој не е во согласност со улогата, мисијата и идентитетот на Здружението или како резултат на дејствија спротивни на одредбите на овој Статут.

Член на УО може да поднесе оставка на сопствена иницијатива.

Член 41

Управниот одбор ги има следниве надлежности:

ја дефинира општата политика и стратегија и главните насоки на активностите на Здружението;

ја надгледува, следи и контролира работата и активностите на Здружението, особено користењето на нејзините средства, во согласност со целите утврдени со овој Статут;

одлучува за спроведувањето на финансиската ревизија во Здружението;

усвојува перспектива и годишни програми и планови за работа и усвојува годишен финансиски план на предлог на УО;

усвојува годишна сметка, годишен извештај за работа и финансиски извештај и го прима извештајот од страна на независниот ревизор;

одлучува за распределба на средствата на Здружението во рамките на финансискиот план;

ги одобрува или одбива буџетите и програмите што ги предлага и поднесува Претседателот;

го одобрува или одбива преносот на имотот и правата на Здружението во која било форма, 

бара и ги проверува документите и бара објаснувања од Претседателот или кој било друг член во Здружението во однос на кој било аспект од активностите на Здружението;

го известува собранието за предлозите и исполнувањето на условите за престанок на активност на Здружението, во согласност со закон;

доставува препораки до собранието за основање на организациони единици на Здружението;

донесува други одлуки во врска со активноста на Здружението, освен одлуките кои се во исклучива надлежност на собранието и

врши друга работа во согласност со овој статут и општите акти на Здружението.

Управниот одбор може да делегира дел од своите права и компетенции на Претседателот на Здружението.

За остварување на овластувањата од својата надлежност, Одборот може да формира комисии и други работни тела кои се основани како постојани или привремени.

Член 42

Членовите на УО не се исплаќаат за своите активности и функции како членови на УО, туку ќе бидат надоместени за сите реални трошоци кои произлегуваат или можат да настанат од извршувањето на функцијата како член на УО.

Надзорен одбор

Член 43

Заради остварување контрола на работата на Здружението и на нејзините органи се основа Надзорен одбор кој ја следи работата и учествува во спречување на повредите на правата на членовите утврдени со овој Статут.

Член 44

Надзорниот одбор врши контрола над спроведувањето на одредбите на овој Статут, одлуките и други акти што ги донесува собранието на Здружението и нејзините органи и тела, врши надзор над исправноста, правилноста на финансовото работење и укажува на неправилностите со кои се причинува материјална штета на Здружението и нејзините членки.

Член 45

За својата работа и наоди, надзорниот одбор поднесува извештај до Собранието на Здружението, со предлози и мерки за отстранување на воочените недостатоци, неправилности и незаконитости во работењето.

Член 46

Надзорниот одбор брои 3 (три) члена што ги избира Собранието на Здружението од редот на своите членови.

Мандатот на членовите на надзорниот одбор трае 2 (две) години, со право на пвоторен избор.

За член на надзорен одбор не може да биде избран член на управниот одбор.

ИЗВОРИ НА ФИНАНСИРАЊЕ, КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВАТА И ИМОТОТ

Член 47

Здружението може да стекнува средства, односно определени права на средствата и со истите да располага согласно со овој Статут и Закон.

Член 48

Средствата според овој Статут Здружението ги стекнува од уплати на членарина, прилози и подароци и на друг начин согласно Закон.

Член 49

Стекнувањето, користењето и располагањето со средствата на Здружението, се врши на начин утврден со општите прописи и Законот за задруженија и фондации.

Контрола над законитоста во стекнувањето, користењето и располагањето со средствата вршат надлежните служби при соодветната институција, овластена од државата.

Член 50

Во управувањето со средствата собранието на Здружението и неговите органи преземаат мерки за правилно користење на средствата и за спречување на незаконитостите и другите општествено негативни појави во користење и располагање со средствата.

Член 51

Органите на Здружението се должни на барање на еден или повеќе членови на Здружението, да му овозможат увид во користењето на средствата.

Органите на Здружението се должни еднаш годишно да поднесуваат извештај за финансиската состојба на Здружението.

Член 52

Кога Здружението ќе престане со работа средствата што остануваат по намирување на обврските на Здружението, се враќаат на членовите на Здружението.

ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА И ИНФОРМИРАЊЕ

Член 53

Здружението превзема потребни мерки за обезбедување јавност на својата работа така што нејзините членови и пошироко да бидат потполно и благовремено информирани за работата и проблемите на Здружението, за предлозите на одлуките и други општи акти и мерки што се предлагаат за унапредување на образованието и воспитанието, како и за донесените одлуки и нивно извршување.

Јавноста во работата на Здружението ќе се остварува и со присуство на претставници на надлежни органи и тела на Министерството за образование и наука на Република Македонија, како и претставници на сите степени на образованието и воспитувањето и претставници на средствата за јавно информирање.

Јавноста во работата се остварува и преку издавање на билтени со подготвување и доставување извештаи, извадоци од записници и слично.

Член 54

Органите на Здружението се грижат членовите да бидат секогаш благовремено известени за нивната работа и да им се обезбеди увид на материјалите за нивно работење.

АКТИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 55

Здружението донесува Статут, правилници, деловници, одлуки, решенија и други акти.

Со правилниците и одлуките се регулираат прашањата за кои со законот или со овој Статут е предвидено да се регулираат со општи акти.

Член 56

Собранието го донесува, изменува и дополнува Статутот.

Предлог за измени и дополнувања на Статутот можат да поденсат најмалку половина членови на Управниот одбор или Претседателот.

ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

             Член 57

Здружението престанува:

ако е донесена одлука на собрание на Здружението со двотретинско мнозинство;

ако бројот на членови на Здружението се намали со бројот определен за основање;

ако Уставниот суд на РМ донесе одлука дека Програмата и Статутот на Здружението не се во согласност со Уставот на РМ;

ако се утврди дека Здружението престанало со работа и

во други случаи определени со Закон.

Член 58

Овластеното лице кое го застапува Здружението е должно за околностите од член 18 да го извести Централниот регистар во рок од 30 дена по нивното настанување.

Престанокот на Здружението го утврдува Централниот регистар на Република Македонија со Решение.

Член 59

Здружението престанува и:

ако работи спротивно на одредбите од член 6 на Статутот;

ако се користи за насилно уривање на уставниот поредок на РМ;

ако се користи за поттикнување и повикување на воена агресија;

ако се користи за разгорување на национална, расна, веркса омраза и нетрпеливост и

ако работата на Здружението не е во согласност со Статутот и Законот.

Член 60

Одредбите од овој Статут ќе се применуваат како што се утврдени, во случај на нејаснотии истите ги толкува собранието на Здружението.

Член 61

Постапката за измена и дополнување на овој Статут е иста како и за неговото донесување.

Член 62

Овој Статут влегува во сила со денот на уписот на Здружението во Централен регистар на Република Македонија.

Претседател на Здружението,

Горица  Илијоска